Димитар Апасиев за „Слободен печат“: Се приватизира итната помош со тактика „салама” – малку по малку

Димитар Апасиев
Димитар Апасиев / Фото: МИА

Претседателот на Левица Димитар Апасиев, за „Слободен печат“ вели дека измените во Законот за здравствена заштита се првични обиди за почеток на приватизација на брзата помош.

– Вака се почнува, се опипува пулс. До сега можеше итна помош да дава само државата, сега ќе може кој сака тоа да го прави. Филипче треба да им пушти инспекции на тие приватни установи што даваат итна помош, а тоа вешто го прикриваат под називот „транспорт на пациенти”. Со овој закон ќе има правна празнина која ќе биде злоупотребувана од бизнис интересите на приватните здравствени установи за да се зголеми пазарот на приватна брза помош. Следниот чекор после ќе биде да има уште повеќе приватни клиники со свои транспортни услуги и да мора да се регулираат. Ќе прават бизнис. Ако се погледне физибилити студијата за јавно приватно партнерство, натака оди работата. Браната сега е членот 29 од Законот за здравствена заштита кој изричито дава државата да има монопол врз итната помош. Тоа е првата брана која сакаат елегантно да ја срушат и кога ќе ја срушат, ќе речат, ајде да донесеме закон да ги регулираме давателите на приватна итна медицинска помош. И така ќе дојдеме до ситуацијата како во ковид пандемијата, да се лекуваат во приватните установи само тие што имаат пари. Ова е психологија тактика ,,салама” – два милиметри по два милиметри. Стратегиски работат малку по малку. Наредно ќе биде да имаме уште 30 фирми што даваат приватна итна помош односно цел пазар, вели за „Слободен печат“ претседателот на Левица, Апасиев.

Тој додава дека државната итна медицинска помош мора да се опреми и во неа да се инвестира за таа да биде посилна и поквалитетна од таа на „Жан Митрев“.

– Но, наместо да го прават тоа, тие намерно не инвестираат за ние како граѓани да станеме антистејтисти, односно да се разочарме во јавните услуги кои намерно ги девастираат, за да помине поглатко приватизацијата. Милиони се во прашање, додаде Апасиев.

Венко Филипче за „Слободен печат“: Итната помош не се приватизира, тоа е еден голем политички спин!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот