Џордан: Коби ми беше како помал брат

Целиот спортски свет сè уште не може да дојде при себе по загинувањето на Коби Брајант. Спортистите испраќаат многу трогателни пораки, а една доаѓа од неговиот идол, Мајкл Џордан.

– Во шок сум поради трагичните вести за смрта на Коби и Џиана. Зборовите не можат да ја опишат болката што ја чувствувам. Го сакав Коби – ми беше како помал брат. Често зборувавме и ќе ми недостигаат многу тие разговори. Тој беше неверојатен натпреварувач, еден од најголемите и најкреативните во оваа игра. Коби исто така беше фантастичен татко кој многу си го сакаше семејството и беше многу горд што неговата ќерка ја засака кошарката. Најдлабоко сочувство кон кон Ванеса, организацијта на ЛА Лејкерс и сите кошаркарски фанови ширум светот – рече Мајкл Џордан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот