Џесика Симпсон изгледа подобро отколку на почетокот на кариерата: До неодамна се бореше со вишокот килограми

Џесика Симпсон гордо ја покажува новата линија по борбата со вишокот килограми по нејзината бременост!

Instagram

Американската пејачка и актерка Џесика Симпсон изгледа подобро од кога и да било. Таа се бореше со вишокот килограми по нејзината трета бременост кои ѝ создаваа сериозни проблеми со здравјето.

Освен што се врати во топ форма, Џесика неодамна се забавуваше и со дизајнирање на својата нова модна колекција во соработка со нејзината мајка Тина Симпсон.

Instagram

На фотографиите кои ги објавува се гледа дека фокусот е ставен на нејзините витки нозе.

Instagram

„Изгледаш неверојатно“, „Го имаш целото мое внимание“, „Зошто си толку совршена?“, „Џес изгледаш предобро“, „Вистинска убавица“ се некои од илјадниците коментари што постојано ги добива.

Џесика е среќно омажена за Ерик Џонсон, заедно се од 2010 година. Денес се горди родители на нивните три деца.

Instagram

„Ми требаа 29 години за да ја најдам мојата сродна душа, а средбата на нашите срца беше духовна судбина“, изјави Џесика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот