Џафери го поздрави конститутирањето на Клубот за младински прашања и политики

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска го поздрави одржувањето на конститутивната седница на Клубот за младински прашања и политики, на членовите им посака плоден и успешен мандат, но и постигнување на завидни резултати во исполнувањето на правата на младите.

Тој во своето обраќање по повод одржување на конститутивната сендинца, потсети на Законот за младинско учество и младински политики, на резултатите од работата на претходниот клуб во насока на промовирање и застапување на младинските интереси на меѓународните настани и со самото тоа актуализирање на Клубот, и на формирањето на Регионалната мрежа на Парламентите од Западен Балкан на Младински клубови, чија цел како што рече, е поврзување на сите Клубови за младинската агенда да биде ставена високо во приоритетите на Унијата и на земјите од Западен Балкан.

Според Џафери, и билатералните младински канцеларии за соработка, кои се дел и обврска од имплементацијата на Договорот од Преспа, се дополнителен импулс и енергија за воспоставувањето на интензивната взаемна соработка на младите од соседството, регионот и пошироко.

– Ве упатувам да ги искористите сите можности што ви се на располагање, да бидете отворени, да продолжите да се координирате и брифирате со институциите во однос на обврските произлезени од Законот за младинско учество и младински политики, за тоа дали успеваат да го спроведат како што е донесен, дали наидуваат на тешкотии, дали можеби има потреба да се направи измена или дополнување со цел да се прилагоди на ситуацијата на терен, затоа што се разбира, не секогаш теоријата соодветствува со праксата, а покрај тоа, ситуациите се менуваат, потребите се менуваат, посочи Џафери.

Тој додаде дека е важна улогата како законодавци, да бидат нишката која ќе ги поврзува сите засегнати страни, за крајниот резултат да биде од полза за сите млади.

– Бидете нивниот глас, поддршка и врата на која ќе можат слободно да тропнат и да го споделат својот проблем, додаде Џафери.

Како што посочи, се надева оти во новата програма за работа на Клубот за младински прашања и политики, ќе се посвети доволен простор и внимание на актуелната ситуација со ковид-19, и дека своите активности членовите ќе ги насочат кон градење на позитивна клима за работа, со усогласени и заеднички постигнати цели за исполнување во наредниот период на работа на Клубот.

– Дозволете да ви честитам на конституирањето и да Ви посакам да постигнете завидни резултати во исполнувањето на правата на младите, бидете инвентивни, креативни и истражувајте најразлични начини да допрете до младите и да го доближите Клубот за младински прашања и политики до нив. Бидете добар пример и за нив, и за нас повозрасните колеги во Собранието, а ние ќе бидеме до вас на секој ваш иден чекор и преземена иницијатива, додаде Џафери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот