Девојка од Косово не успеа да избега во Македонија

Фото: МИА

Синоќа на граничниот премин „Блаце“, на паркинг, во комбе „мерцедес“ со скопски таблички кое го возел И.С. (49) од скопско Глумово, полицајците откриле скриена девојка без документи за идентификација.

Во разговор со полицајците таа изјавила дека се вика Н.С. (18) и дека е од Косово. Таа денеска им е предадена на полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал и миграции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот