Деветвалентна ХПВ вакцина ќе биде достапна од следниот месец, може да се вакцинираат и момчињата

вакцина
Вакцинирање / Фото: Профимедиа

Во рок од еден месец, во секој вакцинален пункт, ќе биде достапна за младите генерации за да бидат вакцинирани и побезбедни, најави Демири

Календарот за редовна имунизација ќе биде дополнет со деветвалентна ХПВ вакцина-Гардасил 9 која ќе биде достапна за еден месец на вакциналните пунктови. Покрај тоа што преминуваме од четиривалентна на деветвалентна ХПВ вакцина, новина од оваа година е што ќе биде достапна и за момчињата, соопшти денеска на прес-конференција, министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири.

Демири истакна дека со оваа вакцина ќе се понуди поквалитетна превенција од хуман папилома вирус (ХПВ) инфекции, за преканцерозни лезии, како за карцином на грлото на матката.

-Се работи за успех постигнат заедно со нашите меѓународни партнери, усогласување на законската регулатива и следење на патот кон Европската Унија. Граѓаните на Европа и САД го имаат ова право веќе повеќе  години, сега се овозможува и кај нас. Нова вакцина, која во светот веќе се користи подолго време. Со оваа вакцина ќе понудиме поквалитетна превенција за ХПВ инфекции, како и за преканцерозни лезии, како и за карцином на вратот на матката. Ова, според истражувањата во светот каде се аплицира вакцината со години и е намален бројот на случаи, појасни министерот Демири.

Истакна дека е важно што оваа вакцина ќе биде достапна и за момчињата.

– Во рок од еден месец, во секој вакцинален пункт, ќе биде достапна за младите генерации за да бидат вакцинирани и побезбедни, најави Демири.

Министерот го нагласи ангажманот на Министерството, кое, како што истакна, се грижи за здравјето, пред се за превенцијата.

– За заболувања за кои има вакцини, треба секое дете да биде вакцинирано. Така ќе градиме посигурен здравствен систем. Подобро е да се спречи, отколку да се лечи, подвлече Демири

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот