Детското игралиште на „Млечен” доби нов лик (ФОТО)

Поставени се нови реквизити и гумирана подлога на детското игралиште во урбаната заедница „Владо Тасевски” кај „Млечен”.

Од прес-службата на Општина Карпош информираат дека после подолго време оваа зона доби целосно нов лик, а со новата подлога се подобри и безбедноста за најмладите. Поставена е и чешма, за освежување во летниот период.

Фото: Општина Карпош

Градоначалникот Стефан Богоев денеска беше во обиколка на овој дел од Карпош, при што ги посочи и другите активности кои се реализираа на Млечен.

– На овој потег, изминатиов период се санираа и клупите за седење, а беа засадени и нови украсни растенија. Неодамна, на сличен начин, го реконструиравме и детското игралиште во Карпош 3 (кај фонтана), а тековно ги санираме и другите постоечки игралишта, рече Богоев.

Фото: Општина Карпош

Тој ги повика граѓаните на одговорно и совесно користење на детските игралишта. Овие рекреативни зони се прават со буџетски средства на Карпош – пари на граѓаните и затоа одговорноста, како што рече, треба да биде на уште повисоко ниво.

– Локалната самоуправа опстојува на определбата да обезбеди населби кои одговараат на потребите на сите граѓани, да имаме простор за рекреација, спорт и маалска дружба. Со хуманизацијата, планското уредување на јавниот простор сакаме уште повеќе да го подигнеме квалитетот на живот во нашиот Карпош, посочуваат од општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот