Детска Клиника: Децата најдени во автомобилот се добри, родителите ги запуштале

На ден 28.08.2019 год во 23 часот со возило на брза помош и во придружба на полиција на Клиниката за детски болести Скопје донесени се женско дете старо 7 години и машко дете старо 4 години, соопштија од детската клиника.

Во моментот на прием, на преглед оддавале впечаток на запуштени деца (валкани во нечисти алишта) во свесна состојба, исплашени, лесно дехидрирани, свесни со уредни витални параметри.

Децата се хоспитализирани на одделот пулмологија Б за обсервација, направени рутински лабораториски анализи со уреден наод и спроведена перорална рехидрација. Во тек на престојот се во стабилна состојба. Истите се испишуваат во добра здравствена состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот