Детска Евровизија 2019: Првата проба на Мила Москов помина одлично (ВИДЕО)

Youtube

На овогодинешниот Детски избор за песна на Евровизија, кој ќе се одржи во недела, на 24 ноември во Гливице, Полска, Македонија ќе ја претставува Мила Москов од Прилеп. Четиринаесетгодишната Мила ќе се претстави со песната „Fire“, а вчера ја имаше првата проба и се покажа одлично.

Во јули годинава, на аудицијата на која учествуваа 18 кандидати, комисијата едногласно ја избра Мила Москов, оценувајќи дека „има најдобар настап, поседува извонредни пејачки способности и достојно ќе ја претставува Република Македонија“.

„Од најрана возраст Мила покажува интерес кон музиката и на шест години се запишува во локалното државно музичко училиште во Прилеп на одделот за пијано, но по две години се префрла на соло пеење, каде и ги прави своите први почетоци во пеењето. На 11 години се пријавува на аудиција за мали таленти каде што влегува во финалето, со што ѝ се зголемил интересот за пеењето. Во 2017 година се запишува во приватното музичко училиште „Матрикс“ во Прилеп. Мила во 2017 година учествуваше на фестивалот „Мелфест“ како дебитант“, наведуваат од Македонската радио телевизија.

На првата проба Мила помина одлично. Во продолжение погледнете го видеото од пробата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот