Детето на Реал Мадрид потпиша за Атлетико

Маркос Љоренте, кој ги помина сите младински категории во Реал Мадрид, од денеска е нов фудбалер на градскиот ривал Атлетико Мадрид. Атлетико се согласи да плати 40 милиони евра како обесштетување на Реал Мадрид, додека фудбалерот ќе потпише петгодишен договор.

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан на крајот од сезоната му соопшти на Љоренте дека повеќе нема да смета на неговите услуги и дека е слободен во потрагата по нов клуб. Фудбалерот реагираше со констатација дека и тој повеќе не сака да соработува со Зидан.

Љоренте во изминатата сезона одигра само 16 натпревари во „кралскиот“ дрес и постигна само два голови.

„Доведовме одличен фудбалер на кого му посакуваме среќа во новиот предизвик“ пишува во официјалното соопштение на Атлетико Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот