Дете мораше да ги соблече патиките за да се слика со Мајкл Џордан и тоа поради бизарна причина

Мајкл Џордан за многумина е најдобриот кошаркар на сите времиња, и иако веќе 20 години е во пензија, „летечкиот“ сè уште е магнет за фановите.

Но, за да се сликате со Мајкл Џордан мора да се продржувате кон едно единствено правило кое важело и додека играше, а важи и сега, не смеете да носите облека или обувки од друг бренд, мора да биде само „Најки“.

Тоа на своја кожа го почувствувал 24-годишен фан на Џордан, кој пред 17 години посакал да се фотографира со Мајкл Џордан.

Момчето тогаш имало само седум години, но бил голем навивач на Чикаго Булс, на Џордан, Скоти Пипен…

Неговиот брат бил учесник на кошаркарски камп на кој ненајавено се појавил Џордан и очекувано сите сакале да се сликаат со најдобриот кошаркар на сите времиња.

Кога Џордан застана покрај малиот фан, го прегрнал, но пред да се фотографираат, ѕвездата на Чикаго само прокоментирал „Рибок“ и си заминал.

Мајката на момчето смислила интересен план, му ги соблекла патиките и потрчала кон „летечкиот“ кој кога ја приметил и одговорил:

– Госпоѓо, вие навистина не се откажувате?
Во ред, може една брза фотографија додека излегувам од тука-одговорил Џордан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот