Деспотовски: Заев е искусен политичар, оставката не е емотивна реакција

Јован Деспотовски во гостување на Канал 5 / 2 ноември 2021 / фото: Канал 5/принтскрин

Најавата за оставка од премиерот Зоран Заев е личен чин кој апсолутно го поздравувам, рече директорот на ТИРЗ и член на СДСМ, Јован Деспотоски, во вечерашното гостување на дебатната емисија „Само вистина“ на телевизијата Канал 5.

Според него, тој верува дека одлуката за брзо време ќе биде спроведена.

-Треба да се даде малку простор, но не очекувам дека ќе се чека до декември, рече Деспотоски.

-Toj e искусен политичар, не верувам дека е емотивна реакција. Верувам дека било тешко. Чувството на политичка одговорност е лично чувство. Не ја коментирам дали е исправна или не, но отвора простор за дискусија што понатаму. Не мислам дека ќе имаме Б или Ц сценарио, ставот на Заев беше јасен, вели Деспотоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот