Дескоска во Советот на Европа: Се надевам дека нема да ја загубиме шансата да добиеме преговори со ЕУ

Фото: МИА

Се надевам дека нема да ја загубиме шансата да добиеме преговори со Европската Унија. Таа одлука ќе го забрза темпото на реформите во правосудството, истакна министерката за правда Рената Дескоска во обраќањето во Советот на Европа во Стразбур, во пресрет на одлуката за отпочнување на преговори со Република Северна Македонија.

Дескоска, како што соопшти Министерството за правда, се обрати на денешната конференција за министри за правда во Советот на Европа која се одржува во организација на француското претседателство. Темата на конференцијата за министрите за правда е „Дигиталните предизвици за правдата во Европа”, а Дескоска се обрати на првата сесија на која се дискутираше за „Пристап до законот и правдата во дигиталната ера”.

– Воведен е Автоматизиран систем за за управување со предмети во судовите (АКМИС), кој се надевам дека во блиска иднина постепено ќе се воведе и во Јавното обвинителство. Дигитализацијата може и да ја зголеми ефикасноста на судството преку овозможување на електронска достава на поднесоци до судовите, електронска комуникација со адвокатите и странките во судовите – потенцираше Дескоска.

Министерката за правда истакна и дека во судовите постепено се имплементира опрема за аудио снимање на судските рочишта, како и систем за аудио-видео снимање на сослушувањата во јавното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот