Десет сообраќајки за едно деноноќие во Скопје

Фото: МИА

Возач на мопед и еден сопатник на мопед се здобиле со тешки телесни повреди, а девет лица со лесни телесни повреди во шест од вкупно десет сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во четири сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила 49 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, двајца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 13 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, двајца возачи почетници, едно возило технички неисправно и 13 возила нерегистрирани.

За непрописно паркирање се издадени 63 казни, а со специјалното возило „пајак” подигнати се 55 возила.

Евидентирани се и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, седум возачи  кои поминале крстосница на црвено светло, осум возачи за неправилно престројување, пет возачи за неправилно престигнување, двајца возачи за не користење на заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, 20 возачи за неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 27 возачи за користење на мобилен телефон за време на управување моторно возило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот