Десет пожари на отворено во последното деноноќие, сè уште активен пожарот во Македонски Брод

Фото: ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 10 пожари на отворено во државата во последното деноноќие. Сè уште активен е пожарот во општина Македонски Брод.

Пожарникарите од ТППЕ Македонски Брод вчера во 18:10 часот имале пријавен пожар на отворен простор, високо во планина на месноста „Брајча“ меѓу селата Крушје и Томино Село, каде, како што се наведува, се претпоставува дека гори папрат и ниска вегетација.

– Во текот на утрово и денешниот ден е планирано да се направи попрецизна процена на ситуацијата за евентуално дејство, соопшти ЦУК.

По еден изгаснат пожар имало на територија РЦУК Штип, РЦУК Скопје и РЦУК Куманово, по два пожара на територија на РЦУК Охрид и РЦУК Тетово и РЦУК Битола за три изгаснати пожари на отворено.

Во последното деноноќие имало вкупно 1.825 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 43,35 отсто, а 56,65 отсто за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 58,06 отсто, кон Итната медицинска помош 38,71 отсто, а кон пожарникарите 1,43 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот