Прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат корисниците од населбите Даме Груев, Стопански Двор, Кисела Јабука и Волково.
ЈП „Водовод и канализација” – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради технички зафат во пумпна станица Волково.
Корисниците ќе бидат без вода од 10:00 часот, па се до завршување на активностите.