Делчевец зад решетки, обљубил своја роднина

Дваесет и четири годишник од Делчево утрово е лишен од слобода откако претходно бил пријавен за обљуба врз женско лице од Делчево.

Случајот како што стои во извештајот од Полициското одделение од општа надлежност Делчево бил пријавен утрово во 1:30 часот од страна на роднина на пријавената.

-Полициски службеници од Полициската станица Делчево на 31 октомври 2020 во 06:45 часот го лишиле од слобода Б.Ј.(24) од Делчево, постапувајќи по претходна пријава од жител на Делчево дека во 01.30 часот врз негова роднина во нејзиниот дом во Делчево, пријавениот извршил обљуба врз неа, се вели во полицискиот извештај.

Обљубата како што навело лицето кое го пријавило случајот е извршена под закана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот