Дел од Јапонија објави вонредна состојба заради зголемување на бројот на заразени со коронавирус

Новата варијанта на коронавирусот Омикрон ќе биде доминантен на почетокот на 2022 година/ Фото: ЕPA-EFE/JIJI

Гувернерот на централната јапонска префектура Аичи денеска објави вонредна состојба во тој регион, како резултат на зголемувањето на бројот на заболени од коронавирусот.

Гувернерот Хидеаки Омура денеска ги замоли компаниите и продавниците да не работат воопшто или да затвораат порано и ги повика граѓаните вечерва да останат дома.

Мерката ќе биде во сила до 24 август, време што се совпаѓа со празникот Обон, кога училиштата и многу компании се затворени. Префектурата Аичи го вклучува и градот Нагоја, каде седиште е јапонскиот производител на автомобили Тојота.

Гувернерот рече дека бројот на потврдени случаи на вирусот се зголемува во Аичи од средината на јули со стапка од 100 и повеќе на ден. Пред тоа, во таа префектура имаше подолги периоди кога не беа пријавени нови случаи на инфекција со вирусот.

Јапонската Влада повика на социјално дистанцирање и затворање на деловните активности во април, но тие мерки постепено беа укинати. Во Јапонија има речиси 42.700 потврдени случаи на заболени со новиот коронавирус и околу 1.000 смртни случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот