Декларативно сите сe за НАТО, а во пракса – опструкции!

Членството во НАТО е најголемото достигнување на Македонија во изминативе триесетина години.

– Не е доволно декларативно да се залагаш за членството во НАТО а во прака да не правиш ништо, како што се однесува ВМРО ДПМНЕ веќе десетина години, оценува Слободанка Јовановска во денешната емисија „Седма сила“ во рамки на „Утрински брифинг“ на програмата на Слободен печат.

За неа членството во НАТО е најголемото достигнување на Македонија во изминативе триесетина години.

За Џабир Дерала пак членството на Македонија во НАТО е извесно и нема „сила“ која тоа ќе го спречи, иако постојат тенденции од надвор на кои укажуваат и високи претставници на Алијансата, кои делуваат во внатрешната политика на земјата за попречување на овој стратешки интерес на граѓаните.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот