Децата од Здружението „Заедно можеме” на Меѓународниот симпозиум на уметноста „Струга 2020″

Ова е прво издание од овој Симпозиум, на кое се организира ваква активност.

Членовите на Здружението за лицса со посебни потреби „Заедно Можеме” од Гостивар беа дел од четвртото издание на Меѓунардониот симпозиум на уметноста „Струга 2020″, во орагнизација на Здружението за уметност и култура „Силиндарт” – Гостивар.

Дваесетина учесници, речиси сите деца со посебни потреби, твореа уметнички дела со помош на уметниците учесници на Симпозиумот.

-Со задоволство се одзвавме на поканата на претседателот на Здружението „Силиндарт”, Бурхан Ахмети, за да нашите членови речиси сите деца, учествуваат на овој толку значаен културен настан и да ја вкусат уметноста и културните настани исто како лицата без попреченост. Делата кои ќе ги творат на овој Симпозиум, ќе ги презентираме пред јавноста на некој друг пригоден настан, вели Шпенди Салија, претседател на Здружението „Заедно можеме”.

Ова е прво издание од овој Симпозиум, на кое се организира ваква активност.

-Видовме за сходно годинава, покрај другите активности како што се уметнички настап, мурални слики 3Д, поетска вечер и завршна изложба, еден ден од овој симпозиум да го одвоиме за лица со посебни потреби. И радоста на овие деца, но и нашето задоволство додека работевме со нив, не убедија дека не згрешивме и планираме на сите наредни изданија да организираме ваков настан, бидејќи цениме дека нивната социајлизација и учество во културно-уметнички активности е скапоцено за целото општество, изјави Бурхан Ахмети, претседател на “Силиндарт”.

Организаторите, на учесниците им доделија сертификати за учество, а претседателите на двете здруженија, разменија признанија за дадениот придонес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот