Деца од Чаир за време на полициски час играат на улица

Фото: А1Он

„Ова не е првпат за време додека сите се во своите домови, дел од децата да бидат на улиците. Им имаме посочено дека не смеат, но тие велат дека родителите им дозволиле“, велат за „А1он“ жители на Чаир.

Рестрикцијата за движење низ поединечни населби се прекршува од најмладите, децата. Во скопската општина Чаир, попладнево на улиците можеа да се забележат повеќе групи со деца, кои играат во локалните паркови, но и по улиците, објави порталот А1-он.

Додека цела Македонија е во најдолгиот карантин досега од 61 час, извесно е дека полицијата не ги контролира сите улици во Скопје, за да го санкционира однесувањето на поединци, пишува порталот.

Децата се познати на жителите кои реагираат бидејќи тие се излезени надвор во време на полициски час, но за „А1он“ велат, ние не можеме ништо ако надлежните органи не преземат чекори за да се справат со ваквата појава.

„Ова не е првпат за време додека сите се во своите домови, дел од децата да бидат на улиците. Им имаме посочено дека не смеат, но тие велат дека родителите им дозволиле“, велат за „А1он“ жители на Чаир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот