Дебарските комуналци ги спуштија метлите: Вонредна седница на Советот

Вработените во Јавното комунално претпријатие „Стандард” ја прекнаа работата, во знак на незадоволство од несплатенте придонеси за 11 години.

– Трпението веќе не напушти, со годни само попусто ветување сега ќе биде, утре ќе биде. Здравствено и пензиско осигурување не ни е платено цели 11 години. Иако придонесите почнаа редовно да ни ги плаќаат од јануари 2015 година, поради заостанатиот долг кон Фондот за здравствено осигурување и понатаму не можеме да користиме задравствени услуги, се жалат работниците.

Тие бараат разбирање од граѓаните кои редовно си ги подмируваат сметките, како и печалбарите, но додаваат дека морале да го дигнат гласот за себе, а пред се за своите деца кои не може да добијат основна здравствена услуга доколку не ја платат истата.

– Најмногу боли фактот што кога одиме на лекар нам ни бараат пари, а токму меѓу неплаќачите се и лекари, друг медицински персонал, а да не зборуваме дека во спискот на должници се и носители на високи функции, професори, бизнисмени. Жално навистина, додаваат работниците.

На име неподмирени сметки за потрошена вода и подигнат смет домаќинствата и правните субјекти на „Стандрад” му долгуваат над 1,3 милони евра.

Новонастанатата состојба, поради која градот ќе почне да се гуши во отпад, ќе биде единствена точка на дневен ред на денешната вонредна седница на Советот на општината, свикана од претседателот Башким Машкули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот