Дашмир Елези од Шкендија се пресели во Локомотива Загреб

Фото: kfshkendija.com/

Еден од најталентираните фудбалери на Шкендија, Дашмир Елези направи трансфер во Хрватска каде што во иднина ќе го носи дресот на Локомотива Загреб.

Тетовскиот клуб преку своите официјални канали потврди дека Елези се сели во Локомотива Загреб, а тие успеале да договорат и 10% од следниот трансфер на младиот фудбалер.

Инаку, 19-годишниот Елези испиша историја во Шкендија кога на 16 години стана најмладиот стрелец за Шкендија на првенствен натпревар. Дел од сениотскиот тим на Шкендија, Елези беше четири сезони во кои собра 90 натпревари.

Локомотива Загреб во овој момент е на шестата позиција во хрватскиот шампионат и до крајот на сезоната ќе се обиде да влезе во битка за некое од местата кои водат во европските натпреварувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот