Данок на ковид-19: Бразил досега регистрира над 170. 000 смртни случаи

Фото: EPA-EFE/ANTONIO LACERDA

Во изминатите 24 часа, бројот на смртни случаи од коронавирус во Бразил се зголемил за 630, со што вкупниот број на починати лица од почетокот на пандемијата достигна 170.115, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Во последното деноноќие, бројот на заразени лица се зголемил за 31.100 и сега изнесува вкупно 6.118.708, пренесе агенцијата ТАСС.

Од Ковид-19, досега се закрепнати 5.476.018 милиони пациенти или околу 90 проценти од вкупниот број на инфицирани, а како активни случаи во моментот се водат 472.575 лица.

Бразил е трета земја во светот по бројот на заразени со коронавирусот, по САД и Индија, и втора по бројот на смртни случаи, веднаш по САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот