Даниловски: Околу половина милион вакцини ќе бидат доволни!

Даниловски

Епидемиологот Драган Даниловски, на социјалните мрежи направи детална анализа во врска со вакцинацијата на луѓето и тие кои биле во контакт со корона вирусот во изминатата година.

„Најнов податок за стапката на серопозитивни (оние кај кои се развиле антитела) во Скопје е 31%, според резултатите добиени од тестирање на примерок од 1.000 случајни минувачи на различни локации во градот, направено од страна на Институтот за имунологија при Медицинскиот факултет во Скопје. Ако си дозволиме слобода оваа стапка да ја примениме на целата популација во Македонија (што секако методолошки не е прифатливо, но, сепак, свесни за неизбежно генерираниот „бајас“ /bias – пристрасност, деформација/, ќе го сториме тоа), се доаѓа до бројка од 496.000 (ако актуелното население е 1.600.000*, според евиденцијата на Управата за електронско здравство – „Мој термин“ при Министерството за здравство, објави тој. 

Тој додава дека за британскиот мутант, прагот на колективниот имунитет при кој репродукцискиот број ќе се спушти на 1 (а тогаш растот на дневните случаи ќе има тренд на стагнација) изнесува 85 проценти (а не 60, како за оригиналната варијанта).

-Тогаш ќе имаме т.н. ендемска форма на ширење на вирусот. Вкупното население во Македонија, според Управата за електронско здравство е околу 1.600.000. 85 проценти од 1.600.000 се 1.360.000 луѓе.Ако од нив се извади веројатниот вистински број на случаи (734.045), го добиваме бројот на луѓе што не биле во контакт со вирусот: 1.360.000 – 734.045 = 625.955 луѓе“, пишува Даниловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот