Дамаск: Сириската противвоздушна одбрана собори израелски ракети во близина на главниот град

Израел Газа / Фото EPA-EFE/ATEF SAFADI

Сириската противвоздушна одбрана собори израелски ракети истрелани врз село во близина на главниот град Дамаск, соопшти сириската армија, наведувајќи дека тоа е втор ракетен напад за помалку од 24 часа.

Во соопштението се наведува дека ракетните напади биле извршени од правец на Голанската висорамнина, при што е причинета мала материјална штета.

Властите во Дамаск вчера соопштија дека сириската противвоздушна одбрана соборила две непријателски беспилотни летала над западните предградија на Дамаск.

Во соопштението се наведува дека нападот со беспилотно летало бил извршен од Голанската висорамнина, но овој напад експлицитно не му беше припишан на Израел.

Од декември 2023 година, во израелските напади на сириска територија убиени се неколку членови на иранската Револуционерна гарда, меѓу кои и високи воени разузнавачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот