Дали спротивностите се привлекуваат? Научниците го имаат одговорот

Фото: Пекселс/ jasmin-wedding-photography

Тим истражувачи од Универзитетот во Колорадо во Болдер анализирале повеќе од 130 карактеристики на милиони парови и заклучиле дека „секоја птица лета со своето јато“.

Спротивностите сепак не се привлекуваат, вели научната студија во која истражувачите од Универзитетот во Колорадо во Болдер (УКБ) анализирале повеќе од 130 карактеристики и вклучиле неколку милиони парови кои живееле во минатиот век, пренесува „СаенсДејли“ (ScienceDaily).

– Нашите наоди покажуваат дека „секоја птица лета со своето јато“ – рече авторката на студијата, Тања Хорвиќ, докторанд на Катедрата за психологија и невронауки и Институтот за бихејвиорална генетика.

Фото: Пекселс/ asad-photo-maldives

Студијата објавена во списанието „Нејчр Хјуман Бихејвиор“ (Nature Human Behavior) го потврдува она што поединечното истражување го навестува со децении, имено дека тезата дека спротивностите се привлекуваат не е точна, се вели во соопштението на „УКБ“.

Откриено е дека помеѓу 82 и 89 отсто од анализираните карактеристики, кои варираат од политички ставови до возраст при првиот сексуален однос до ставовите за алкохолот и тутунот, партнерите почесто имале големи сличности. Само за 3 отсто од карактеристиките, и само во еден дел од анализата, поединците претпочитаат луѓе кои не се слични на нив.

– Многу модели во генетиката претпоставуваат дека спојувањето на луѓето е случајно. Оваа студија покажа дека оваа претпоставка е најверојатно неточна. Асортативното спојување, кога се создаваат парови на индивидуи со слични карактеристики, може да го промени истражувањето во генетските студии – вели Мет Келер, еден од авторите на студијата и директор на Институтот за бихејвиорална генетика.

Фото: Пекселс/ gabriel-bastelli

За новата студија, авторите спроведоа мета-анализа на претходните истражувања и нивните оригинални анализи на податоци. За мета-анализата, тие погледнаа 22 карактеристики во 199 студии во кои беа вклучени милиони машко-женски парови. Најстарата од овие студии била спроведена во далечната 1903 година. Покрај тоа, тие користеле податоци од „UK Biobank“ за проучување на 133 особини на личноста кај 80.000 парови во Велика Британија. Истополовите парови не беа вклучени во оваа студија, според соопштението за печатот на „УКБ“.

Во двете анализи, карактеристиките како што се политичките и религиозните ставови, нивото на образование и мерењето на коефициентот на интелигенција покажаа многу високо ниво на корелација. На пример, на скала каде што 0 значи дека нема сличност, а 1 значи целосна сличност, корелацијата за политичките ставови беше 0,58.

Дека партнерите се многу слични покажаа и навиките поврзани со пушење и пиење. Од друга страна, карактеристиките како што се висината и тежината, медицинските состојби и некои карактеристики на личноста покажаа многу помали, иако сепак позитивни, корелации. На пример, корелацијата за невротичност беше 0,11. Некои особини, како што е екстровертноста, немаа никаква корелација.

– Луѓето имаат теории дека екстровертите сакаат интроверти или дека екстровертите ги сакаат екстровертите, но факт е дека ова беше како фрлање паричка: имаше еднакви шанси екстроверт да заврши со интроверт или екстроверт – рече Хорвикова.

Фото: Пекселс/juan-mendez

Во една мета-анализа, истражувачите не нашле убедлив доказ дека спротивностите се привлекуваат за која било карактеристика. Во податоците од UK Biobank, тие открија дека постои негативна корелација со некои особини, но многу мала. Тоа беа хронотипови (без разлика дали некој е утринска или ноќна личност), склоноста да се грижиш за сè или да не слушаш добро. Најслична работа за повеќето парови била нивната година на раѓање. Сличности постојат и во некои ретко проучувани карактеристики како што е бројот на сексуални партнери или колку некој бил доен како бебе.

– Овие откритија сугерираат дека дури и во ситуации кога мислиме дека имаме избор за нашата врска, може да има механизам зад она што се случува за кој не сме целосно свесни – рече Хорикова.

Авторите нагласуваат дека паровите споделуваат карактеристики поради многу причини: некои пораснале во исто соседство, други ги привлекуваат луѓе кои се слични на нив, други стануваат повеќе слични еден на друг колку подолго се заедно…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот