Дали спиете со градник? Лекарите открија како тоа влијае на вашиот сон и здравје!

unsplash
Фото: Unsplash

Додека некои претпочитаат редовно да спијат со градник, бидејќи така им е поудобно, други тврдат дека тоа не треба да се прави и дека од оваа навика може да појават последици.

Во прилог реалните причини зошто треба да го спречите спиењето со градник порано отколку подоцна.

Влијае на циркулацијата

Ако вашиот градник има долна жица, или, пак на некој друг начин е тесен, тоа ќе ги притиска вашите градни мускули, што значи дека протокот на крв во рацете и другите делови од вашето тело ќе биде ограничен. Некои градници, како што се спортските градници, делуваат како еден вид облека за компресија. Ова може да го спречи протокот на крв во ткивото на дојката, што доведува до проблеми со циркулацијата како што се вртоглавица и грчеви во мускулите.

Ја иритира кожата

Ако го соблечеме градникот по напорен ден, ќе забележиме како рабовите буквално се притиснати во нашето тело, па не можеме ниту да замислиме колку иритација на кожата се појавува при носење градник навечер. Прерамките и копчињата на градниците исто така може да бидат извор на непријатност бидејќи се тријат на телото во текот на ноќта.

Д-р Сет Ранкин, доктор по општа медицина изјавил: „Доколку вашиот градник често остава траги на кожата затоа што е претесен, тогаш ако го носите 24/7 нема да ѝ дозволите на кожата да закрепне и тоа доведува до долгорочно оштетување на ткивото“.

Може да предизвика хиперпигментација

Хиперпигментацијата се појавува кога меланинот е зголемен во одредени делови на телото, што доведува до темни дамки на кожата. Носењето градник во текот на ноќта може да доведе до хиперпигментација поради триењето што се создава помеѓу вашиот градник и кожата и го зголемува производството на меланин во тие области.

Иако хиперпигментацијата е само козметички проблем, многумина трошат цело богатство на хемиски пилинзи, ласерска терапија, микродермоабразија, дермоабразија или домашни третмани како би го ублажиле нејзиниот изглед. Многу е полесно и поевтино да се спречи отколку да се лекува.

Може да одведе до габични инфекции

Габичните инфекции се непријатни, така што габички на градите е веројатно последното нешто што би го посакале.

Топлите, малку испотени услови кои се јавуваат по носењето градник во кревет се совршена средина за развој на габични инфекции. Затоа е многу важно да не спиете со градник, особено во текот на летото.

Може да ви го уништи сонот

Да се соочиме со фактот, градниците не се баш пријатени, што значи дека вашиот сон ќе страда доколку ги носите во кревет, со оглед на тоа што се тесни и стегаат. Од зголемено потење до отежнато дишење ако градникот ви е цврсто припиен на градите, постојат многу проблеми кои можат да ви го нарушат одморот или да направат да се чувствувате поизморени наутро.

Со оглед на тоа дека не постојат докази кои покажуваат дека носењето градник во текот на ноќта го менува обликот на вашите гради или го спречува опуштањето, сепак, не вреди поради долгорочното влијание што ќе го има врз вашиот режим на спиење. Ако навистина не можете да ја прифатите идејата одите на спиење без градник, одлучете се за едноставни парчиња без жица, кои го оставаат телото да дише, специјално дизајнирани за спиење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот