ДАЛИ Е ОВА ИДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД! На сите Американци по 1.000 долари месечно, без разлика дали работеле или не

Претприемачот и претседателски кандидат за 2020 година, Ендрју Јанг се залага за основен еднаков приход за сите.

Тој најави дека ќе одржи томбола во која ќе извлече 10 семејства односно возрасни Американци на кои би им дал универзален приход од 1.000 долари во текот на годината.

Извлекувањето би требало да почне веќе следната недела, и сите извлечени месечно ќе добиваат по 1.000 долари. Инаку експериментот со универзалниот приход е адут во неговата кампања.

„Време е повеќе да веруваме себеси отколку на нашите политичари“, изјави Јанг.

„Со оваа програма ќе ја натераме нашата држава да работи за нас, американскиот народ“, изјави тој.

Јанг тврди дека парите не само ќе ја намалат економската нееднаквост, туку ќе ја наградат неплатената работа како грижата за деца и домашните работи, ќе ги поттикне иновациите давајќи им на претприемачите повеќе слободен простор за отворање нови претпријатија и ќе им даде на работниците повеќе мотиви од своите работодавачи да побараат подобри услови за работа.

Тој освен овој план, се залага и за други политики, и социјални програми вклучувајќи го и здравствениот систем.

Сепак Јанг е капиталист кој ги отфрла наводите дека универзалниот основен приход е социјализам.

„Ова не е социјализам, ова е капитализам каде приходот не почнува на нула“, вели Јанг.

„Ако се прашувате каде Американците ќе ги потрошат тие пари, ќе ги потрошат на локални претпријатија, во економијата“, додава тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот