Дац и Александар велат: Најдете време за љубов, а ова е нивната нова песна – „Љуби ме“ (ВИДЕО)

Фото: Промо

„Боемското дуо за добро расположение” Дац и Александар имаат нова песна. „ЉУБИ МЕ“ , химната на љубовта веќе е хит на радио станиците.

Во приказната на спотот кој е во продукција на „Pikado Creative Collective“ учествуваат голем број нивни пријатели од градот, меѓу кои и Данило Коцевски (хроничарот на Скопје), членовите на Октет Македонија, дувачкиот состав Брастет Скопје, шахистите Кутирови, Тања Алексиќ , Војо Иванов и други.

Ова дефинитивно ќе биде песна која ќе ја одбележи Новата година и празниците, а Дац и Александар паралелно продолжуваат со своите евегрин забави низ Скопје и Македонија.

–  Подзастанете за миг во бркотницата на животот и најдете време за љубов. Споделете го ова видео и ширете љубов – велат Дац и Александар..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот