Да се проверува психичката состојба на секој функционер, предлага Солза Грчева

„Треба во закон да се внесе задолжителна проверка на психичката состојба на секој функционер. Имаме одлични психијатри кои веднаш ќе одредат кој е хистеричен, психопат, социопат итн. За еден хиперпознат лик, исто познат скопски психијатар ми рече дека човекот е психопат. Јас веќе и самата се сомневав. За жал често ние обичните луѓе, не можеме на време да направиме стручна процена“, вели пензионираната универзитетска професорка и поранешна пратеничка Солза Грчева.

„Вака, не само што сите ги чувствуваме последиците, туку ми стана страв да отворам телевизор. Во маало кај мене, каде имало и деликвенти, никогаш не сум чула зборови кои е срамно да ги помислиш, а не да ги кажеш јавно. Кога го напуштив СДС добивав навреди, пцости и што не. Никогаш не сум чувствувала потреба за тоа јавно да тужакам, луѓето да ме жалат, да ц’цкаат или да се ситат. Си ја терав најпоштено, на турбо работата за која ме плаќаа граѓаните. Возрасни луѓе, чисти, со интегритет не се однесуваат во стилот: „Мамо овој ќе ме тепа”. Па оди си ако имаш потреба да кукаш и не можеш да издржиш. Впрочем, што е тоа што треба да го издржиш и колку ние издржуваме со вакви ликови?!“, пишува Грчева на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот