Д-р Кунгуловски: Следуваат тешки месеци со делта-сојот на коронавирусот за невакцинираните и непрележаните граѓани

д-р Горан Кунгуловски. / Фото: Приватна архива

Денеска се потврдени шест случаи (четири во Јавно здравство и две во Жан Митрев клиник) позитивни на делта-варијантата на SARS-CoV-2. Голем број студии досега укажуваат дека овој сој на SARS-CoV-2 се пренесува побрзо од алфа-сојот (барем 50%), а претходно алфа-сојот се пренесуваше барем 50% побрзо од D614G сојот кој, пак, се пренесуваше за 20-30% побрзо од изворниот Wuhan-ски сој, напиша на Фејсбук д-р Горан Кунгуловски, биоинженер во Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во клиниката „Жан Митрев“, откако денеска и официјално беше потврдено дека во земјава има шест случаи на делта-сојот на коронавирусот.

– Има големи шанси делта да стане доминантен сој во светот, Европа, па и Македонија во наредниве неколку месеци. А тешки месеци ќе бидат, посебно за невакцинираните и непрележаните.

За да ги направиме малце полесни овие неколку месеци, треба да знаеме дека:

1. Вакцините сѐ уште ја добиваат битката и со новите соеви. На голем дел од нив им се намалува ефикасноста, но истата е доволна за да се неутрализира и сузбива пандемијата. Вакцинацијата ни е најсилната алатка во борбата.
2. Вирусот еволуира со тоа што се дели во својот домаќин. За да престане да еволуира и да прераснува во нови форми (за коишто можеби тековните вакцини нема да може да помогнат), треба да престане да се дели – а за да престане да се дели треба да престане да скока од еден домаќин (човек) на друг. За да престане, треба да се стесни ланецот на трансмиција. Тоа се прави со вакцинирање и следење на рестриктивни мерки (на сите ни е преку глава од истите, ама мораме).
3. Откако ќе се вакцинира голем дел на населението (се надевам), а и многу порано ќе треба да се спрема стратегија за вакцинирање со booster доза (но моментално тоа е секундарно).

Луѓето да се вакцинираат, одговорните прво да набават доволно високо ефективни вакцини и второ да спремаат стратегија за вакцинација со booster дози, пишува д-р Кунгуловски.

Велешанецот со индиски сој се вратил од Англија, хоспитализиран е седум дена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот