Д-р Каревски: Приватната специјализација чини и до 20 илјади евра, а прашање е дали ќе научите нешто

Приватната специјализација ја финансира семејството и може да чини до 20 илјади евра со сите оние дежурства кои не ви се платени. Само факултетот чини 200 евра месечно дополнително сите трошоци како транспорт и исхрана. Проблемот се јавува во тоа дали специјализантот ќе биде вклучен во она што треба да го работи и научи. Тоа зависи од менторот. За жал има институции кои не се заинтереирани за нивото на едукација кое го има специјализантот кај нив, се грижат само за ратата од специјализацијата дали е уплатена, вели специјалистот по ортопетска хирургија Александар Каревски.

-На специјализантот најчесто му се погодуваат работи да извршува кои никој не сака да ги работи. До пред 6 години специјализантите не беа спомнати ниту признаени во здравствениот систем, сега малку се тргнати работите на подобро, но се далеку од тоа што го заслужуваат специјализантите, а уште помалку нивно распределување. Има градови каде што нема ниту едно место за специјализант, а има и градови каде има 30 до 40 специјализанти. За да се среди ситуацијата треба да се направи стратегија од 10 години. За да добиете готов специјалист потребни се најмалку 15 години, вели Каревски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот