Црвениот крст на град Скопје во соработка со Државна Лотарија на Република Северна Македонија со хуманитарна помош за лицата во трето доба за превенција од КОВИД-19

Започнувајќи од 24.03.2020 (вторник) Црвен крст на град Скопје со финансиска поддршка од Државна Лотарија на Република Северна Македонија ќе врши дистрибуција на хигиенски средства за само-заштита за себе и домот за ранливите категории на немоќни лица од најзагрозената категорија граѓани од трето доба.

Преку активностите ќе бидат опфатени лица од најранливата група граѓани, на возраст над 60 години од територијата на град Скопје, но и други градови каде Црвен крст работи директно со немоќните и повозрасни лица.

Донацијата од Државна лотарија е во висина од 700.000 денари со што се набавени и подготвени сетови на хигиенски средства како: гел за дезинфекција на раце; средство за дезинфицирање на домот; антибактериски влажни марамчиња и сл., како и маски и ракавици за превенција. Исто така, изработен е и се дистрибуира едукативен леток за заштита од КОВИД-19 (коронавирус), што ќе се дели со сетовите, но и на терен меѓу најзагрозените категории граѓани коишто немаат пристап до интернет и редовно информирање.

Оваа акција е уште една во редот акции на Црвен крст поддржани од Државна Лотарија. Овој пат целта на заедничката соработка е да се помогне на најранливите категории граѓани односно лицата во трето доба кои се високо ризична категорија на граѓани. Со оваа активност ќе бидат опфатени повеќе од 2000 лица на територија на градот Скопје и други градови, согласно приоритетите на листата на Црвен крст.

Комерцијален текст

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот