Црни рекорди во Грција: Бројката од 935 заразени е најголем дневен биланс досега

Во Грција во последните 24 часа потврдени се 935 случаи на коронавирус, што е најголем дневен биланс од почетокот на епидемијата.

Од новозаразените, 44 се откриени на границите.

Починале пет пациенти па вкупниот број на починати од последиците на ковид-19 е 19.564, соопшти Националната организација за јавно здравје, пренесува АНА.

Просечната старост на починатите пациенти е 79 години.

Новите мерки поради сузбивање на епидемијата од денеска стапија на сила. Задолжителни се маските во затворен и отворен простор, а полицискиот час почнува во 12.30 часот по полноќ и трае до 5 часот наутро во најголемите жаришта.

Во Атина утрово кружат полициски патроли кои ги известуваат граѓаните на грчки, англиски и арапски за новите мерки.Од почетокот на пандемиајта во Грција се заразени 29.992 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот