Црна Гора нов претседавач на самитот на ЦЕИ во Рим

Фото: Профимедиа

Црна Гора на самитот на ЦЕИ во Рим, на кој се поканети 16 претседатели на влади, ќе го преземе од Италија ротирачкото претседавање со Иницијативата, најстар и најголем механизам на територијата на Централна и Источна Европа, во кој членуваат 17 држави, соопшти црногорската Влада.

Со преземање на едногодишното претседавање со ЦЕИ, кое почнува на 1 јануари, Црна Гора ќе ја потврди поддршката на активностите на ЦЕИ за создавање одржлив и просперитетен регион, истовремено промовирајќи кредибилна европска перспектива на земјите кандидатки за членство во ЕУ.

„Учеството на високо ниво ќе претставува дополнителен придонес за афирмација на Црна Гора на регионалната и европската мапа, а пред се ќе има позитивно влијание врз продлабочување на односите со таа мултилатерална регионална организација, посебно од аспект на поголем интерес на институциите и стопанските субјекти во Црна Гора за проекти кои се финансираат од фондовите на ЦЕИ“, се наведува во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот