Цените на индустриските производи на годишно ниво непроменети

Незначително намалување има во првите два месеци од годината, односно во февруари во однос на јануари 2020 година.

Производителите на индустриски производи на домашниот пазар со пониски цени на своите производи за месец февруари за 0,5 отсто, се вели во податоците на Државниот завод за статистика. Сепак гледано на годишно ниво цената останува непроменета.

Во февруари 2020, во споредба со јануари 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите трајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто, енергија за 3,3 отсто и интермедијарни производи, освен енергија за 0,2 отсто.

Во февруари 2020, во споредба со февруари 2019, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се непроменети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот