Царовска: Навреме ќе заврши сместувањето во студенските и средношколските домови

Царовска очекува во најбрз рок Собранието да ги усвои измените на законите за студенски стандард и за ученички стандард со кои се регулираат новите услови за сместување.

Министерката за образование и наука Мила Царовска уверува дека студентите и средношколците навреме ќе бидат сместени во студенските и средношколските домови.

Селекцијата на оние кои ќе бидат сместени во домови и на оние кои ќе добијат финансиска поддршка за приватно сместување, како што изјави министерката, ќе се врши согласно ранг листата.

– Согласно ранг листата, влегуваат првите, а другите одат со дополнителна финансиска поддршка. Годинава, дополнителен критериум ќе биде дали факултетот или училиштето е започнато со комбинирана настава или физичко присуство затоа што има дел од факултетите кои целосно ќе одат со онлајн настава – истакна Царовска, одговарајќи на новинарски прашања за време на посетата на основното училиште „Невена Георгиева – Дуња”.

Царовска очекува во најбрз рок Собранието да ги усвои измените на законите за студенски стандард и за ученички стандард со кои се регулираат новите услови за сместување.

Од Држаавниот студенски дом вчера информираа дека ќе биде отворени студентските и средношколските домови но оти ќе работат по посебни протоколи и ќе има редуциран број станари во собите. Во двокреветна соба ќе може да биде сместено само едно лице, а во соба со над два кревета, максимум две лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот