Цако: Човек кога е опкружен со љубов, ќе постигне повеќе

Сега за прв пат во Македонија, лице со Даунов синдром има своја авторска радио емисија на радио МОФ, каде се разговара за сите проблеми, предизвици и дилеми на младите лица со попреченост во земјата.

Стихозбирката „Јас сум Цако“ од Александар Матовски-Цако, беше промовирана во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар, Скопје. Песните на Александар Матовски-Цако се едноставни. За секоја драга личност по една. Запишани се онака како што ги доживува. Во секоја од нив може да се забележи чиста емоција.

-Моето мото е „Човек кога е со љубов, ќе постигне повеќе“- вели Цако во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Љубовта е насекаде во стихозбирката и токму таа е лајт мотив на неговата поезија. Неговата поезија, како и сѐ она што го прави тој, се вистинска инспирација за лицата со попреченост.

Александар и е познат на македонската јавност откако стана прв студент со Даунов синдром во Македонија. Тој исто така издаде две книги со поезија и има кафеав појас во карате, со што овој млад човек секојдневно ги соборува сите бариери и стереотипи кои се појавуваат пред него.

Сега за прв пат во Македонија, лице со Даунов синдром има своја авторска радио емисија на радио МОФ, каде се разговара за сите проблеми, предизвици и дилеми на младите лица со попреченост во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот