„Cyberpunk 2077“: Видео игра или предупредување за иднината?

Instagram

Најочекуваната игра за 2020 година е конечно тука. Кога Мајк Пондсмит ја пишувал првата „Cyberpunk“ игра во 80-тите години на минатиот век, тој не бил свесен дека ќе предвиди толку многу работи поврзани со иднината.

Од компјутерски софтвер до директна комуникација и масовна корпоративна контрола, сето тоа го имаме денес… Единственото нешто што го немаме се летачки автомобили, што е навистина она на што се надевав. Но, ние имаме страшни работи во „Cyberpunk“ што се случуваат и во реалниот свет и затоа мислам дека жанрот е повторно популарен и денес“, вели Пондсмит.

„Cyberpunk 2077“ е успешна реализација и проекција на светот во иднината, каде што човекот и технологијата се влеваат во едно.

 

Овој проект на полската компанија/студио „CD Projekt RED” се бележи како едно од најамбициозните дела во мулти-билионската индустрија на игрите. Моментално покрај сето тоа што се случува во светот, ја имаме привилегијата да кажеме дека живееме во златната доба на гејмингот. Ова е обид и успех за постигнување нови нивоа во видео игрите кои досега изгледаа невозможни.

Мајк Пондсмит вели дека бил „прилично вклучен“ уште од почетокот на проектот, а главната улога му била да го задржи силниот реализам на неговата оригинална визија.

Оваа видео игра е приказна за една дистописка иднина која стана своевиден феномен уште пред да биде пуштена во продажба. Токму поради успешниот маркетинг, но и самиот стил на играта привлече големо внимание низ светот.

Па, како би изгледало ако играте вие? Која би била вашата мисија?

Играта почнува од дното на хиерархијата, а вашата цел е да се пробиете во општествтото на тој виртуален свет. Интересно е тоа што начинот како ќе го направите тоа – целосно зависи од вас.

Вие ја поседувате моќта на дијалозите и мисиите, вие ја контролирате приказната. Во Ноќниот град (локацијата каде што примарно се одвива дејството во играта) можете да наидете на секакви бизарни и неочекувани препреки и прашања кои понекогаш и немаат одговор.

Во една од главните улоги во играта може да го најдете и актерот Кијану Ривс, како Џони Силверхенд. Моралните вредности на припадниците на овој град се прилично „матни“, секој има своја цел и никој не ви е пријател.

Instagram
Instagram

Овој проект ни ја прикажува дигитализираната иднина во многу суреално светло, инспирирано од визијата на Подсмит и неговата идеја за „Cyberpunk“ универзумот.

Оваа игра е направена од истите луѓе кои стојат и зад популарната игра „The Witcher“ која беше инспирација и за наградуваната серија „The Witcher“ и токму тоа ги крена високите очекувања на светот за оваа игра.

Instagram
Instagram

Оваа практика продукцијата на „Netflix“ планира да ја продолжи и со „Cyberpunk 2077“ најавувајќи дека ќе направат аниме серија што ќе започне во 2022 година.

Но, оваа игра не е толку перфектна, се појавија и голем број на жалби и поплаки. Добротворната организација за епилептитичари повикаа да се направат измени во играта, покажувајќи загриженост дека делови од играта можат да предизвикаат фото-чувствителна епилепсија.

Многумина велат дека играта е преамбициозна, избрзана, играта на одредени моменти кочи, како и за целиот перформанс за кои продукцијата веќе се извини и вети дека ќе бидат регулирани наскоро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот