ЦУК: Два пожари на отворено во последното деноноќие, 1.853 повици на 112

Инфографик: Слободен печат, Елисавета Бејкова

Во последното деноноќие регистрирани се два пожари на отворено. Пожарникарите од ТППЕ Валандово вчера гаснале запалена депонија во валандовското село Јосифово. Пожарникарите од ТППЕ Свети Николе гаснале запалена ниска вегетација во близина на село Преод во Општина Свети Николе.

Како што информираат утрово од Центарот за управување со кризи, двете интервенции биле извршени со екипи од по тројца пожарникари и едно противпожарно возило.

Во изминатото деноноќие имало една помала интервенција на запален оџак на улица „Младинска“ бр. 236 во Струмица.

Согласно препораките на пожарникарите, оџаците е потребно редовно да се чистат. ЦУК апелира да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив.

Во последното деноноќие имало вкупно 1.853 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 46,52, а 53,48 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 70,44 отсто, кон итната медицинска помош 26,32, а кон пожарникарите 2,43 отсто од реалните повици кон 112.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот