Црногорскиот пејач Бојан Томовиќ хоспитализиран, се обидел да се самоубие

Фото: Принтскрин / Фејсбук

Црногорскиот поп-фолк пејач Бојан Томовиќ е хоспитализиран, откако се обидел да се самоубие. Причината за овој настан е неговата повеќегодишна борба со тешката депресија, пренесуваат српските медиуми.

Од српски „Телеграф“ го контактирале Бојан, за да ги дознаат деталите, па тој потврдил дека веќе неколку дена е во болница, во тешка психичка состојба, поради депресијата и биполарното растројство.

„Депресијата се врати, па се пријавив на електромагнетна стимулација на мозокот, кога веќе не помагаат антидепресивите. Сега се обидуваат со блага струја да го индуцираат хормонот на среќата, бидејќи биполарното растројство е хормонална нерамнотежа на мозокот. Во болница сум неколку дена и се надевам дека наскоро ќе биде подобро и наскоро ќе излезам“, изјавил Бојан за „Телеграф“.

Да потсетиме, Бојан веќе 11 години живее со депресија и биполарно растројство, а пред неколку години, како што објавија тогашните медиуми, тој се обидел да си го одземе животот, но, за среќа, бил избегнат трагичен исход.

На Бојан уште во 2005 година му предвидуваа блескава кариера, откако испеа неколку хитови. За жал, наместо да доживее слава, тој мораше да се повлече поради неговата здравствена состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот