Ципрас изрази сочувство за несреќата

Алексис Ципрас / Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Потресени сме од трагичната несреќа во Бугарија во која загинаа десетици луѓе, меѓу кои и мали деца, напиша на „Твитер” лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер Алексис Ципрас, јави дописничката на МИА од Атина.

– Потресени сме од трагичната несреќа во Бугарија во која загинаа десетици луѓе, меѓу кои и мали деца. Нашите мисли се со семејствата на жртвите. На повредените им посакува брзо закрепнување, напиша Ципрас на Твитер.

Сочувство за несреќата веќе изразија и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и Министерството за надворешни работи на Грција.

Извор: МИА

Мицотакис и грчкото МНР со сочувство за автобуската несреќа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот