Мицотакис и грчкото МНР со сочувство за автобуската несреќа

Зоран Заев Киријакос Мицотакис
Фото: Влада на Република Северна Македонија

Преку официјалните Твитер профили грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и Министерството за надворешни работи на Грција изразија сочувство до семејствата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија, јави дописничката на МИА од Атина.

– Апсолутно сум шокиран од страшната несреќа и загубата на животи во Бугарија рано утринава, особено на мали деца. Нашите молитви се упатени до семејствата на оние кои ги загубија животите. Брзо закрепнување на повредените, напиша Мицотакис на Твитер.

Од грчкото МНР изразија длабока жалост за „трагичната вест за автобуската несреќа во Бугарија”, сочувство за загинатите и солидарност до Владата и народот на Северна Македонија.

– Изразуваме искрено сочувство до семејствата кои ги загубија најблиските и нашата солидарност со народот и Владата на Северна Македонија кои жалат за нивните сограѓани, напишаа од грчкото МНР.

Трагедијата со македонскиот автобус од рано утрово е меѓу главните теми во грчките медиуми.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот