„Чудо е што преживеав“: Брук Шилдс откри дека била силувана од холивудски моќник на 20 години
Sвездата на филмскиот хит „Blue Lagoon“, Брук Шилдс во емотивно интервју за магазинот „People“ открила дека била силувана холивудски моќник кога имала 20 години. Актерката истакнала дека многу време и било потребно да го процесира тој страшен настан. Шилдс во интервјуто рекла дека е „вистинско чудо“ што „преживеала“ по силувањето.
„Ми требаше доста време да го обработам тоа“, изјавила актерката за „People“.
View this post on Instagram
Актерката открила дека нападот се случил по колеџ.
„Сега сум повеќе лута од што можев тогаш да бидам“, рекла таа и додала:
View this post on Instagram
„Ако се плашите, со право е така. Тоа се страшни ситуации. Не мора да бидат насилни или застрашувачки“, истакнала Шилдс.
Силувањето се случило набрзо откако Шилдс дипломирала на Универзитетот Принстон во 1987-ма година.
View this post on Instagram
Актерката се потсетила дека била на најниската точка во својата кариера кога се состанала со неименуван извршен директор на вечера, за која мислела дека ќе резултира со нејзина улога во филм.
View this post on Instagram
По нивниот оброк, прифатила да оди во неговата хотелска соба за да повика такси.
Манекенката објаснила дека на почетокот се обвинувала себеси што отишла во хотелот со мажот. Актерката не го открила идентитетот на нејзиниот напаѓач, но рекла дека го познавала од порано.
View this post on Instagram
Потсетуваме, Брук подоцна се омажила за Крис Хенчи, а парот има и две ќерки – Роуан и Гриер.СА
Лиам Нисон двапати ја запросил Брук Шилдс, но таа го одбила поради само една причина!