Чистење на диви депонии во скопските населби

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска спроведоа акција за расчистување диви депонии лоцирани во населбата Горно Лисиче, на граничниот реон меѓу општините Аеродром и Кисела Вода.

Во рамките на акцијата се подигнати и транспортирани приближно 150 кубни метри комунален, градежен и кабаст отпад, а активностите ќе продолжат и во текот на утрешниот ден.

При расчистувањето на дивите депонии се употребуваат специјалните комунални возила: втоварувач, кипер, полуприколка и камион.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот