Чии интереси штити стечајната на ТВ Нова

Наместо да се потруди вработените да добијат плати, стечајната управителка ги тужи новинарите да вратат непостоечки долгови за патни трошоци.

По повеќемесчна неизвесност во 2018 година ТВ Нова на Сеад Кочан беше затворена.

Вработените кои останаа докрај да ја дочекаат судбината на овој медиум преживуваа без плата и без здравствено осигурување надевајќи се дека државните институции ќе преземат нешто и ќе го решат статусот на телевизијата.

Но ништо од тоа. Мораа со свои средства да покренат стечајна постака и да се надеваат дека кога тогаш ќе си ги добијат своите одработени плати назад. Фирмата ТВ Нова оди под стечај а Судот ја одреди Христина Јоновска за стечаен управител на фирмата. Тоа звучеше како добар почеток на долого очекуваната разврска и надеж дека стечајната управителка ќе се погрижи што поскоро да го „раскрчми“ имотот и да им ги врати парите на доверителите, меѓу кои приоритет според законот имаат вработените.
Но види чудо! Стечајната управителја Христина Јоновска наместо да им врати пари таа ги тужи!!???? Зошто!?

Затоа што и должеле пари на фирмата на Кочан! Имено според стечајната управителка и според вештакот Атиља Адеми 14 новинари, вработени во Трговското радиодифузно друштво Телевизија Нова Дооел Скопје наводно останале должни по основ „невратени средства за аванс“.

А според изјавите на оштетените новинари, всушност се работи за средства потрошени за патни трошоци. Но според нечесното работење на Кочан, наместо на новинарите да им издава патен налог со законски предвидени дневници и средства за патни трошоци, раководството прво ги испраќаше на пат, а потоа на личната сметка на новинарот им уфрлаше минимални средства за преживување кои беа наменети за двајца и за новинарот и за снимателот. На пример за тридневна посета на Египет наместо по три дневници од по сто и пет долари по човек плус средства за трошоци за работа, сметководството на Кочан им исплаќаше двесте евра вкупно, и за дневници за двајца и за трошоци за снимање.
Според сведочењето на продуцентот се разбира после секое патување сметките биле расчистувани и предавани на управителот Дарко Колевски.

И сега стечајната управителка како да е падната од марс или како никогаш да не патувала во странство ги тужи новинарите дека не си ги расчистиле сметките со Кочан, а ако сакаат да го сторат тоа ќе мора да го докажат спротивното на суд и таму да ги прикажат сметките!!!!
Како прво логично би било како и во секоја фирма ако тоа не си го направил навреме долгот ќе ти биде одбиен од плата. Зошто Кочан тоа не го сторил е загадочно, но Јоновска морала тоа да го испита.
Освен тоа кој чува службени сметки и (непостоечки) патни налози дома. Дали таа или судиите кои ќе треба да ги судат новинарите имаат дома патен налог од некое службено патување кое го направиле во текот на својата работа? Се разбира дека НЕ.
Но Јоновска според закон сега ја претставува фирмата и е должна да ги исправи работите кои претходното раководство ги злоупотребило. Требала да ја заштити целата документација како што го штити и имотот на фирмата. Ако при тоа утврдила неправилности во работењето на сметководството морала да бара виновник таму и да ги тужи оние кои се огрешиле од законот, а не да ги тужи оние кои се и нај оштетени, новинарите.

Тие освен што останале без плати, без исплатени дневници за службените патувања, сега треба според Јоновска и да враќаат пари. И тоа не малку пари. Наводните индивидуални долгови се движат од илјада денари до двесте илјади. Но кога Јоновска им ги пресметала и судските трошоцит и затезните камати од 2018 до сега, и трошокот на вештото лице, сметката драстично се зголемува. Па така на пример долгот од илјада денари станува долг од 18.000 денари. За поголемите суми и да не зборуваме.
Оттаму навистина е нејасно чии интереси штити стечајната управителка Христина Јоновска? На Сеад Кочан, нејзин личен или…?

На вработените сигурно не!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот