Четири рани предупредувачки знаци на деменција, а можете да ги забележите додека одите

Фото: Wikimedia Commons

Деменцијата е општ термин за губење на способноста за паметење, размислување или донесување одлуки до степен до кој го попречува секојдневниот живот на една личност. Обично доцна се дијагностицира, бидејќи тестовите се сложени, а симптомите може да бидат нејасни.

Доцната дијагноза значи дека пациентите имаат помалку време за можност за контрола и лекување и за донесување важни одлуки за својата иднина. Сепак, постојат четири рани предупредувачки знаци кои укажуваат дека можеби имате деменција.

Психијатарката Гил Ливингстон истакна дека пешачењето бара многу размислување и затоа луѓето кои боледуваат од деменција, дури и во раните фази, не можат сè да прават одеднаш, пишува британски „Мирор“.

Полошо чувство за движење

Секој повремено се губи, но редовното губење на чувството за насока може да биде знак за Алцхајмерова болест, особено во раните фази. Новата студија на тим од УКЛ, откри дека луѓето со таа болест ги преценуваат скренувањата и имаат полошо чувство за насока.

Ова не е само затоа што луѓето со оваа состојба ја губат меморијата, туку ја губат и перцепцијата за светот околу нив. Луѓето со рани стадиуми на Алцхајмерова болест може да имаат проблеми со разбирањето на објектите, да ги гледаат работите како тридимензионални кога не се, итн.

Побавно темпо

Сите ние имаме различна брзина на одење, но побавното одење секоја година може да биде ран знак на деменција. Како што се намалуваат когнитивните способности, размислувањето станува побавно. Тоа значи дека на пациентите им треба повеќе време да размислат каде одат и како да стигнат до одредени предмети, што ги прави побавни.

Помали чекори

Истражувањата покажале дека луѓето кои страдаат од деменција, исто така, почесто се движат со помали чекори. Американска студија објавена во 2016 година покажа дека помалите чекори и поширокото одење, каде што човек оди со ненормално раширени нозе, се еден од првите знаци на губење на меморијата.

Промена во замавнувањето на рацете

Начинот на кој човекот мавта со рацете додека оди, исто така, може да биде знак за деменција. Неколку студии покажаа дека помалите движења на рацете при одење се, всушност, ран предупредувачки знак за оваа состојба.

Според психијатарката Гил, тоа е затоа што луѓето со деменција се борат да одржат рамнотежа додека се во движење. За да останат исправени и да одржуваат рамнотежа, оние кои страдаат од деменција, почесто замавнуваат со рацете, но ги држат рацете поблиску до телото.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот