Чешкиот град Чиновац крие најголемо наоѓалиште на литиум во Европа

наоѓалиште на литиум EPA-EFE/AARON UFUMELI

Чешкиот град Чиновац крие најголемо наоѓалиште на литиум во Европа

Чешкиот премиер Петр Фиала денеска изјави дека постои можност таа земја да почне да ископува литиум од своја територија. Според Еурактив, се проценува дека Чешка располага со околу три отсто од светските ресурси на литиум, а голема количина се наоѓа во градот Чиновац, во близина на германската граница. Се додава дека експертите сметаат дека Чиновец би можел да има најголемо количество литиум во Европа.

– На работ сме на литиумска револуција, бидејќи употребата на литиум значително ќе се зголеми, а Европа интензивно ќе го поддржува производството на критични суровини на сопствена територија – изјави Фиала. Литиумот, кој е класифициран како „критичен материјал“ во ЕУ, е клучен за производство на батерии за електрични возила и технологија за обновлива енергија, објави Каматица. Како што понатаму наведува Фиала, „тоа е можност да се привлечат нови инвеститори во регионот, да се подобри животниот стандард и да се отворат илјадници работни места“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот