Челзи за 100 милиони евра ја купува „замената“ за Азар!? (ФОТО)

фото:твитер

Претходно беше објавено дека Судот за спортска арбитража му ја намали казната на лондонскиот клуб кој ќе може да ангажира нови фудбалери уште во јануари.

Веднаш почнаа шпекулациите за нови можни трансфери на „Стемфорд Бриџ“, поточно главна цел ќе биде да се најде „замената“ за Еден Азар кој до минатата сезона беше лидер на лондонските „сини“, а од оваа е дел од Реал Мадрид.

На „мета“ веќе имаат неколку играчи, а според британскиот „Сан“ овој клуб најмногу покажува интерес за Усман Дембеле од редовите на Барселона.

На Французинот не му оди најдобри на „Камп Ноу“ каде што стигна за 140 милиони евра од Борусија Дортмунд.

Се повреди повторно и на теренот ќе се врати во јануари, но и покрај тоа Челзи посакува за 100 милиони евра во зимскиот преоден рок да ги обезбеди неговите услуги.

А со тие пари и Барса би можела повторно да го „активира“ интересот за враќање на својата поранешна ѕвезда, Нејмар. Но, и прашање е дали Дембеле навистина посакува во овој момент да го напушти каталонскиот гигант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот